Откако беше отстранет од Google Play, AdBlock Plus се враќа на Android

Пред неколку денови од Google ги отстрани сите апликации за блокирање на рекламите од Google Play, бидејќи го нарушуваат правилото во 4,4 од нивниот Договор за развивачи. Една меѓу апликациите кои ги снема во мракот беше и популарната AdBlock Plus која се користи најчесто како екстензија на некој од популарните прелитувачи. Но, наместо да се повлече од Android, AdBlock Plus реши да се врати со со нова апликација и со овозможено автоматско надоградување, иако овојпат нема да биде Google Play.

Денес е објавена верзијата 1.1 за Android која ќе мора да биде инсталирана преку официјалниот сајт на AdBlock Plus или некој од другите сервиси кои не се во надлежност на Google Play.

Корисниците кои веќе ја имале инсталирана апликацијата на Android, ќе може да продолжат да ја користат, но доколку сакаат да напарават надоградба, тоа нема да им биде овозможено, бидејќи апликацијата повеќе не постои на Google Play. Токму затоа се повикуваат корисниците да ја избришат старата апликација и мaнуално да ја инсталираат новата верзија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ime
Ime
13 years ago

"Пред неколку денови од Google гиотстрани сите апликации"

Вишок ти е тоа “од“, а и “гиотстрани“ се пишува одвоено… Да те прашам, ама искрено да ми кажеш, дали некогаш си препрочитал тоа што си го напишал, да видиш дали има грешки во текстот…? Срамота е…

гостин
гостин
13 years ago
Reply to  Ime

а тебе никогаш не ти се случило да згрешиш при куцање и притоа да не видиш дека си згрешил? Можеш покултурно да укажеш на грешката сепак некој се потрудил да ти ја сервира таа информација треба да се цени трудот на другите а не само да се критикува

IT.com.mk
Admin
13 years ago
Reply to  гостин

Ти благодариме Гостин за поддршката. :) Да, грешки се случуваат и често ги поправаме кога другите ќе ни укажат, што и го очекуваме од нашата публика бидејќи нивните (цивилизирани) забелешки ни помагаат да објавиме поквалитетни вести.

види ги сите огласи на kariera.it.mk