Интернет телевизијата станува се попопуларна. Дали веќе се откажавте од кабловската телевизија?

во Свет

Класичната телевизија е на пат во историјата. Последното истражување на Nielsen покажува дека се поголем е бројот на жители на САД кои се откажуваат од телевизијата. Бројот на овие луѓе е толку голем што Nielsen мораше да ги класифицира како „Zero TV“ корисници. Оваа нова врста корисници – Zero TV – се објаснети како домаќинства кои имаат телевизор дома, но тие не се поврзани со кабловската и сателитската услуга, туку не ги гледаат ниту бесплатните терестријални канали. Наместо тоа, нивните телевизори се поврзани со интернет од каде ја собираат содржината. На територијата на САД бројот на овие домаќинства е во голем пораст. Во 2007 година нивниот број е 2 милиони, а сега бројката е проценета на околу 5 милиони.

Се повеќе корисници го напуштаат традиционалниот медиум и најголем дел од содржините ги наоѓаат на Интернет. Најголем дел од овие корисници ги гледаат сериите преку Интеренет. Доколку операторите не најдат начин да ја монетиризираат оваа група, не само што ги губат претплатите во моментов, бидејќи Zero TV-домаќинствата се во пораст, па во иднина, операторите може да очекуваат уште помал прилив.

Сепак членовите на Zero TV групата не се целосно без ТВ програма, најголем дел од нив се претплатени на Netflix, Hulu или Amazon, чија вкупна месечна претплата чини 15 долари. Квалитетот на сериите е одличен и, според Џереми Карсен Јанг од USA Today, има доволно содржини. Покрај ова Интернет нуди огромен број на видеа кој се целосно бесплатни, на пример Синтија Фелпс која вели дека TED видеата и по некоја стара серија од DVD со пријателите е се што и е потребно од телевизијата. Дел од оваа група дури не поседува телевизори или десктоп компјутери, наместо ова „телевизија“ гледаат на таблет или паметни телефони.

По се изгледа дека телевизиите наскоро ќе се соочат со проблемот кој подолго време го имаат печатените медиуми, кој потклекнуваат под налетот на Интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments