Стримингот и официјално е омилена ТВ-платформа

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Минатиот месец за првпат во историјата домаќинствата во САД како омилен начин за следење на ТВ-содржини го одбрале стримингот. На стриминг платформите отпадна 34,8 проценти од вкупниот број гледачи; на кабловската телевизија 34,4 отсто; и на традиционалниот начин на емитување 21,6 отсто. Во истиот период гледачите заедно изгледале 190,9 милијарди минути програма на стримовите, покажува анализата на Nielsen.

Со оглед на тоа дека стримингот е во постојан раст, преземањето на првото место од кабловските телевизии беше единствено прашање на време. Во јули растот во однос на претходниот месец е 3,2 отсто. Во однос на јули минатата година, стримингот забележал пораст од 6,3%. Во истиот период Prime Video, Hulu, Netflix и YouTube забележале нови сопствени рекорди.

Кај стрим платформите најголема гледаност има Netflix на кој отпаѓа 8% од времето поминато „пред телевизор“; на второ место е YouTube со 7,3%; зад нив Hulu со 3,6%; Prime Video со 3%; Disney+ со 1,8%; HBOMAX со 1%.

https://www.nielsen.com/insights/2022/streaming-claims-largest-piece-of-tv-viewing-pie-in-july/?utm_campaign=nielsen-audience-measurement_nlsn_&utm_content=the-gauge__08182022

Речиси 18 милијарди изгледани минути на Stranger Things му помогнаа на Netflix да стигне до 8% удел од времето поминато „пред телевизор“. Во истиот период 11 милијарди минути изгледаа гледачите на Virgin River и The Umbrella Academy.

Рекорд од 3,6% забележа и Hulu. Only Murders in the Building и The Bear стасаа до 3 милијарди минути и беа најгледана програма на платформата.

The Boys и The Terminal List се најпопуларна содржина на Prime Video на Amazon. Платформата има 3% удел по бројот на изгледани минути.

Порастот на гледаност на стримовите доаѓа на сметка кабелската и традиционалната телевизија. Традиционалната телевизија забележа пад од 3,7% на гледаност во однос на претходниот месец. Во истиот период гледаноста на кабелската телевизија паднала 2%.

Disney+ глобално го престигна Netflix како прв стриминг провајдер

Netflix и натаму е најпопуларна платформа во САД, но благодарение на влезот на нови пазари во јуни глобално приматот најпопуларна стриминг платформа го презема Disney+.

Disney+ во извештајот за третото финансиско тримесечје објави дека на нивните платформи (Disney+, Hotstar, Hulu and ESPN+) има над 221 милиони претплатници. Најголем раст забележал Disney+ кој успеал да донесе 14,4 милиони претплатници. Речиси сите нови претплатници се надвор од Северна Америка, а единствено 100 000 доаѓаат од САД и Канада.

Disney+ од 14 јуни е достапен и во Македонија.

Netflix го заврши јуни со 220,67 милиони претплатници, и за првпат ќе мора да се задоволи со второто место. Во второто тримесечје на 2022 Netflix загуби 1 милион претплатници. Дел од новата програма можеби може да го врати гигантот на врвот. Серија The Sandman која излезе во овој месец само во првата недела откако целосно е достапна е изгледана 127,5 милиони часови

https://top10.netflix.com/tv

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments