Премногу време поминато во седење пред телевизор или пред компјутер е штетно за здравјето на луѓето. Група истражувачи неодамна сподели ново истражување чии резултати покажуваат дека различните активности сепак различно влијаат на здравјето на корисниците. Кога физичкото здравје е во прашање речиси да нема разлика што правите кога седите. Сепак ако сакате да се чувствувате подобро што премногу време поминувате пред компјутер ќе ве израдува фактот дека седењето пред компјутер има помал фактор на ризик од седењето пред телевизор, барем кога деменцијата е во прашање.
Ова секако не треба да ве инспирира да седите цело време пред компјутер. Физичката активност и прошетките се далеку подобри за здравјето. Физичката активност е добра за кардиоваскуларното здравје, но повеќе студии покажуваат дека физичката активност позитивно влијае и на менталното здравје.
Истражувањето кое го направи група истражувачи од Универзитетот на Аризона и Универзитетот на Јужна Калифорнија се фокусираше на различните активности кои ги правиме кога не сме во движење. Така дел од ова време е поминато со телефон или таблет, пред компјутер или во гледање телевизија.
Сите активности не се исти
Истражувањето покажало дека седењето пред телевизор го зголемувања ризикот од деменција, коефициентот на ризик при оваа активност е 1,3. Времето помината пред компјутер, всушност го намалува ризикот од деменција, а коефициентот на ризик е 0,8.
Трендот продолжил и кај различното време поминато во гледање на телевизија или активност пред компјутер. Помалку чудно, здравата исхрана, телесната тежина или алкохолот не влијаеле на резултатите, пренесува Ars Technica.
Менталната активност го намалува ризикот
Резултатите на истражувањето не се револуционерни. Од претходно е познато дека менталната активност значително го намалува ризикот од деменција, а менталната активност речиси во секој случај е поголема пред компјутер.
Истражувањето сепак има и недостатоци. Испитаниците своите активности ги пријавувале сами што во општ случај е непрецизен метод. Дополнително времето поминато пред компјутер е разнолико, од играње на видеоигри и слични активности кои бараат интеракција, до користење на компјутер за пасивно следење на содржина слично како кај телевизорот.