1 коментар 2 мин. читање 29 мај, 2013

Нова платформа за блогирање Ghost ќе го напаѓа WordPress

Неодамна на Kickastarter се појави интересна кампања за која брзо беа собрани предвидените пари, а тоа е нова платформа за блогерите која ќе им понуди многу поедноставен начин на уредување за разлика од WordPress.

Основач на проектот е Џон О’Ноланn и уште неколку луѓе кои работат во неговиот тим, а наместо бараните 25.000 долари тие собраа скоро 200.000. Како еден од луѓето кои имаат работено во UI/UX тимот на WordPress, нивната цел е јасна – создавање на убав, забавен и корисен CMS систем за блогери.

За разлика од WordPress и останатите платформи на кои може да се најдат голем број на опции кои можеби некогаш и нема да ги искористиме, имаме голем број на слики со мачки и порно гифови, Ghost ќе остане платформа само за блогирање и ништо повеќе. Ghost сака да им помогне на блогерите кои се занимаваат само со пишување на блогови.
Денес, авторите ретко ги користат вградените алатки за пишување на содржината. Ghost сака тоа да го промени, така што ќе воведе нов начин на уредување на содржината. Така, на левата страна ќе можете да го уредувате текстот, додека на десната ќе можете да гледате како тој изгледа. Ghost сака да ги ослободи корисниците од непотребно кликање и да понуди едноставен начин за пишување.

Платформата ќе биде со отворен код издадена под MIT лиценцата. Повеќе за проектот можете да дознаете од видео презентацијата.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@D3N1EL1
13 years ago

Премногу го нагласувате Ghost…

Мени
Заедница
Изглед
To top