Ова интервју е дел од серијалот интервјуа со спикерите кои ќе говорат на настанот InTech X Meets Massive Interactive, кој ќе се одржи на 5-ти декември. Настан на кој ќе се зборува за повеќеплатформскиот кориснички интерфејс и транзицијата од хибриден до нативен, и ќе се разбиваат митовите во однос на .NET развојот и неговата примена во светот на Docker containters, AWS и слично.
На InTech X Meets Massive Interactive своите искуства со присутните ќе ги сподели и Филип Елсас, кој меѓу другото ќе зборува и за сите препреки кои Massive Interactive ги надмина при префрлањето на целосно “native” начин на развивање на кориснички интерфејс.
После многу години работење на краткотрајни проекти со веб агенции, Филип одлучува да се фокусира на развивање на апликации, пришто се приклучува на тимот на Massive Interactive, каде што прераснува во директор за кориснички интерфејс. Тој исто така ќе зборува за тоа колку е важно да се зачуваат сите основи и знаења кога станува збор за менување на „UI Stacks“.
Ја имавме можноста да разговараме со него и да дознаеме нешто повеќе за неговата работа и неговото искуство со UI.
Колку долго сте со Massive Interactive?
Малку повеќе од 4 години; Сакав да работам на апликации што се важни за луѓето, а не за краткотрајни интерактивни содржини или за е-трговија / финансиски машинерии.
Кои се вашите редовни обврски овде?
Јас сакав (и сакам) да ги испорачам проектите, но како што растеме, сега правам чекор назад и работам на подобрување на нашите практики (квалитет на кодот и повторна употреба, автоматизација…) и обезбедување архитектонски насоки и менторство. Мојата клучна експертиза е веб, но имам познавање и за другите области ;)
Со свои зборови и врз основа на вашето искуство, дефинирајте им на нашите читатели што навистина е UI – кориснички интерфејс, и зошто е важно.
Корисничкиот интерфејс е сè за корисникот! Но, апликацијата не е само она што го гледате на површината: тоа не е само да повлечете и пуштите. Нашите апликации се многу динамични, водени од правила и податоци; и пуштањето на заштитено видео низ уреди е секогаш мало техничко чудо.
Како се развиваше корисничкиот интерфејс овие последни години?
Би рекол дека генерално нашата работа стана побогата и посложена: се менуваат рамки, обрасци, практики, па дури и јазици. Нашите програмери најчесто се фокусираат на една платформа – веб, iOS, Android … не само за да ја совладаат платформа, туку често да ги следат еволуциите и новите технологии, како Docker или Node.JS кои сервираат серверска рендерирана React веб апликација.
Што е стекнато со придвижување кон “native” развој на UI?
На крајот, технологиите како React Native ќе бидат доволно зрели за создавање на кориснички интерфејс со повеќе платформи, но засега веруваме дека најдобрата комбинација на квалитетен кориснички интерјфејс, пријателството и продуктивноста на програмерите се постигнува со native development.
Кои алатки ги користите за развој на UI архитектура?
Освен вообичаените WIKIs, јас сум обожавател на Markdown за сè, дури и создавање дијаграми за проток и секвенца благодарение на Mermaid.
Како Massive Interactive се справува со развојот на модерниот кориснички интерфејс и кој е најголемиот проблем со кој се соочувате на вашиот проект токму сега?
Автоматизацијата е клучна: сите наши алатки се интегрирани заедно, и секоја функција е изградена и распоредена автоматски.
Нашиот предизвик е да продолжиме да ја зголемуваме и прошируваме нашата автоматизација – треба да се подобриме во однос на автоматско тестирање.
Влезот на настанот е бесплатен и може да го посетите доколку се регистрирате на следниот линк.