Од 4-ти до 7-ми декември во Семос Едукација по трет пат ќе се соберат ИТ професионалците на мастер клас со светските експерти за сајбер безбедност – Паула Јанушкиевич и Грег Творек.
Паула Јанушкиевич е IT Security Auditor & Penetration Tester, Enterprise Security MVP, Microsoft Security Trusted Advisor и Microsoft сертифициран тренер. Исто така е презентер на многу светски познати конференции како што се Microsoft Ignite, TechEd North America, TechEd Europe, TechEd Middle East, RSA, TechDays, CyberCrime, на кои е често оценувана како најдобар говорник. Таа има спроведено стотици пенетрациски тестирања и безбедносни ревизии за многу компании и институции вклучувајќи и владини организации. Нејзината специјалност се безбедносните решенија за што поседува и голем број на сертификати.
Грег Творек работи со безбедност на Windows уште од раните почетоци на неговата кариера. Започнал како систем администратор, за да продолжи како консултант, ИТ менаџер и Chief Information Security Officer (CISO). Сега главно е одговорен за консултантски услуги кои ги испорачува низ цел свет преку CQURE. Тој има пристап до source code на Windows. Грег е номиниран 10 пати по ред за Most Valuable Professional (MVP) од страна на Microsoft. Поканет на учествува на Springboard Technical Experts Panel, Security Trusted Advisor Program и многу други. Поседува MTA, MCP, MCP+I, MCSA, MCSE, MCDBA, и CQURE Academy Security Master сертификати.
Дел 1: Hacking Windows Infrastructure
2 дена со Паула Јанушкиевич
На овој мастер клас ќе истражувате критични задачи за високо квалитетно пенетрациско тестирање. Ќе мапирате мрежи и ќе откривате таргет систем и сервиси, ќе пребарувате ранливости. Целта е да ви покажеме и да ве научиме какви видови на механизми се дозволени за да се влезе во инфраструктурата и во оперативните системи. Ќе стекнете знаење и ќе добиете алатки за пенетрациско тестирање.
Препорачливо е слушателите да имаат претходно познавање на безбедносни концепти како OS сервиси и архитектура.
АГЕНДА:
- Модул 1: Hacking Windows Platform
- Модул 2: Top 50 tools: the attacker’s best friends
- Модул 3: Modern Malware
- Модул 4: Physical Access
- Модул 5: Intercepting Communication
- Модул 7: Data in-Security
- Модул 8: Password attacks
- Модул 9: Hacking automation
Дел 2: Securing Windows Infrastructure
2 дена со Грег Творек
Ова е напреден курс за безбедноста на инфраструктурата. Ги покрива сите аспекти на безбедноста на Windows инфрастуктурата за која сите зборуваат, а за време на курсот ќе научите и како да ги имплементирате.
Нашата цел е да ве научиме како да дизајнирате и имплементирате безбедна инфрастуктура заснована на разумен баланс помеѓу безбедноста и комфорот со добро познавање на можностите на напаѓачите.
АГЕНДА
- Модул 1: Designing Secure Windows Infrastructure
- Модул 2: Securing Windows Platform
- Модул 3: Malware Protection
- Модул 4: Managing Physical Security
- Модул 5: Deploying and configuring Public Key Infrastructure
- Модул 6: Configuring Secure Communication
- Модул 7: Securing Web Server
- Модул 8: Providing Data Security and Availability
- Модул 9: Mitigating the common password attacks
- Модул 10: Automating Windows Security
За кого е наменета обуката:
Enterprise администратори, Infrastructure architects, професионалци за безбедност, систем инженери, мрежни администратори, IT професионалци, консултанти за безбедност и сите останати кои се одговорни за имплементација на мрежна безбедност и безбедност на периметар.
Материјали:
Уникатни алатки креирани од авторот, над 350 страни вежби и презентациски слајдови со забелешки.
Кратката содржина и бенефитите од предавањето и личната покана од Паула и Грег можете да ги погледнете на следново видео:
Контакт информации: [email protected] | +389 2 3130-900