Да се стави во контекст со конкурентите, Apple објави во јануари дека надмина 10 милијарди симнати апликации. Иако тоа се три пати повеќе од Android, сепак мобилната платформа на Google, иако само 2 години стара, успеа да стане една од најпродаваните платформи. Ставено во бројки, околу 350.000 Android уреди се активираат дневно, открива Џев Хубер, повисок потпретседател на трговија во Google.
Ако се погледне потребното време за достигнување на милијардите симнувања, за првата требаа 20 месеци од стартувањето на Android, за втората беа потребни само 5 месеци, а од втората до третата милијарда беа потребни само 2 месеци.
Но, не е се толку сјајно кај Android. Бидејќи нема одредени граници за објавување апликации, Android Market изобилува со неквалитетни бесплатни апликации, по некои проценки скоро 60% се бесплатни апликации. Дополнително платените апликации се „затворени“, недостапни за многу пазари, вклучувајќи го и македонскиот.
Проблем со Android пазарот е и фрагментацијата, која се одвива на две нивоа. Според анкета на Baird, иако повеќе развивачи на апликации креираат за Android наспрема iOS, голем дел од нив, поточно 56% имаат проблем со фрагментацијата на различните уреди за кои е достапен Android, кој е слободна платформа. Второто ниво на фрагментација е имањето на бројни Android продавници за апликации. Според развивачите подобро е да се има една продавница.
Заклучокот за Android e дека е дефинитивно платформа која го забрзува темпото, станувајќи доминантна во блиска иднина. Но во моментов се работи за квантите наспрема квалитетни апликации.







