Instagram тестира Live Stories за видеа од настани

во Останато

Додека Snapchat се обидува да изнајде начин да ги присвои фотографиите на своите корисници, Instagram одлучи да додаде функционалност слична на на Live Stories за своите корисници. Новата Instagram функционалност, како и сите досега, доаѓа најпрвин во САД каде корисниците ќе можат да видат најдобри видеа кои ги предлагаат уредниците на платформата.

Новата функционалност со која Instagram на едно место ќе ги собере и ќе ги презентира видеата од ист настан е новитет за нив, но останатите слични платформи веќе ги имаат така Snapchat има Live Stories, а Twitter ги има Moments. „Ова е нов начин да ги искусите настаните преку очите на Instagram заедницата,“ велат од Instagram за Recode.

Ако Instagram се одлучи да ги израдува своите корисници, истото не може да се каже и за Snapchat. Новите правила за користење на Snapchat велат дека платформата „има право да хостира, складира, користи, прикажува, репородуцира, промени, адаптира, издаде, креира нови дела, јавно да изложи, да објави, дистрибуира, или да ги промовира сите содржини во било која форма и во било кој медиски формат“. Со овие права Snapchat се здобива со истите права како и авторот на видеото или сликата. Ова не се добри вести за корисниците, дел од кои веќе се бесни и го обвинуваат сервисот за измама. Делумно ова е вистина со оглед на тоа дека Snapchat се рекламираше како сервис на кој споделените слики по кусо време исчезнуваат засекогаш, јави Techworm.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments