Twitter сака подобар однос со развивачите на апликации

Twitter ќе се обиде да го промени односот кој го има со развивачите, вели основачот и сега нов директор на Twitter, Џек Дорси, на Flight конференцијата. Компанијата премногу, пречесто и одненадеж ги менува правилата за развој, па развивачите кои сакаат да работат на платформата често се фрустрираат и ја напуштаат. Сепак г. Дорси ќе стави крај на овие проблеми со објави дека сака да ја рестартира Twitter developers програмата, со извинување за изминатата пракса на компанијата.

Како поддршка за девелоперите Twitter воведува нова пракса – поставување на прашања преу видео платформата Periscope, два пати во неделата. Промените треба да им покажат на развивачите дека овојпат Twitter е сериозен и ги слушаат пораките од свите партнери.

Можеби не е никакво изненадување што на барањето на Џек Дорси девелоперите да ги испратат своите прашања на #helloworld најпопуларно барање е да се објаснат правилата за девелопери и политиката за девелопери (Developer Agreement and Developer Policy), вели Recode.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk