„Бизнис Херој“ е веб сервис кој работи на Informatrix, претходен сервис на Инфопроект, и е еден од првите .мк решенија во облакот за менаџирање на бизниси. Сервисот обезбедува следење на сметководство, производство, набавка, архивирање, залихи и други ресури директно преку веб во било кое време.
„Голема болка на микро и средни претпријатија во Македонија е недостаток на ресурси. Тие фирми немаат администратори, менаџери, нема кој да ги советува, а технологијата е комплицирана, па многу често ја игнорираат или малко да ја користит информатичката технологија. Но, тоа не е доволно во модерниот свет.“, вели ко-основачот на Инфопроект, Ванчо Орданоски.
„Со овој информатички систем лесно се пристапува до целокупниот процес на зачувувањето и управувањето со информациите, документите и стоката низ компанијата. На тој начин се постигнува поголема ефикасност во работењето и безбедност во пристапот до податоците и се намалува комплексноста.“
Што се однесува за безбедноста на податоците, г. Орданоски вели дека „квалитетот на безбедноста на податоците и пристапот е на ниво на онаа на банкарските системи“. Сите податоци од „Бизнис Херој“ се складирани на надворешен сервер, со што нивната сигурност е загарантирана и е овозможен пристап од секое место.
Сервисот е достапен во три пакети – Плус , Про и Екстра – кои содржат дополнителни услуги зависно од големината на компанијата. Цената за сервисот започнува од 4.200 денари па нагоре зависно од пакетот и колку луѓе ќе имаат притап.
Инфопроект ќе дозволи три бесплатни месеци за компаниите да го пробаат сервисот. Исто така на сајтот може да аплицирате за пристап до демото, да го пробате софтверот пред да се користи.
[youtube]CYNqu81y-kY[/youtube]
apsolutno nema nikakva vrska nadvoresniot server so sigurnosta! Dali bea prezentirani drugi sigurnosni merki ili se prefrli topkata vo oblaci…
imevo e epten otepano "Biznis heroj" be :D