Наскоро фан страните ќе можат приватно да комуницираат со фановите и другите Facebook корисници. Тестот на „Private Messages for Pages” беше потврден и од Facebook.
До сега администраторите можеа приватно да комуницираат со корисниците, но немаше да бидат претставени како бренд, ниту пак корисниците можеа да отворат комуникација со фан страните.
„Private Messages for Pages”, која функционира исто како приватни пораки со други корисници, ќе го смени тоа и ќе отвори ново поле за интеракција. Опцијата можеби ќе значи дека брендовите ќе намалат со јавното комуницирање на страните и со тоа да се претстават како интерактивни и отворени за критики и сугестии, но во исто време ќе им овозможи на администраторите на страната да комуницира директно со корисник доколку тој има некој проблем кој не треба да се појави на ѕид за сите да го видат.
Според Wearesocial.sq кои ги споделија сликите од тестот, корисниците ќе имаат опција да изберат дали сакаат да примаат приватни пораки од брендовите. Ова ќе помогне да се минимазира спамот кој е неизбежен со ваква опција.
Корисниците не треба да се фанови на страната за да можат да комуницираат.