ИТ Индекс: Netcetera – софтверската компанија која развива и иновира софтвер фокусиран на финансискиот сектор

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
Netcetera постои од 01.01.1996 година. Во Македонија започнавме со работа под името Пантон на 01.10.2001 г. како дел од Netcetera Group, иако идејата за локалната компанија датира уште порано, истата година кога планот за Пантон беше исцртан на салфетка во еден ресторан во Цирих.

Во 2011 година овие две компании се споија и станаа една.

2. Од кого е основана компанијата?
Во Цирих компанијата има 6 ко-основачи, а Пантон е основана од Netcetera од Цирих и Круме Долненец, Јован Колов и Александар Ников.

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Првата услуга која ја продадовме беше Wemlin. Услуга за автоматско тестирање на веб апликации. Тука некаде беше и ESA Еarth observation.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
Започнавме со тим од четворица, сите софтверски инженери.

5. Колку вработени сте сега?
Во моментов сме 193 вработени во Македонија, во канцелариите во Скопје и Охрид, а глобално во целата компанија вклучувајќи ги сите локации кои ги имаме (Швајцарија, Германија, Австрија, Обединети Арапски Емирати, Лихтенштајн), броиме вкупно 558 вработени.

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Специјализираме во развој на софтвер и ИТ операции, пред се фокусирани на финансискиот сектор. Креираме сервиси и продукти од областа на secure payments, мобилно банкарство и финансиски технологии. Специјализирани сме и за 3D secure и го нудиме како сервис.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Глобално, како ИТ компанија нудиме високо-квалитетни сервиси и продукти, од стратегија до имплементација и одржување. Нудиме балансирана комбинација од state of the art технологии и докажани стандарди, од големи проекти до иновации и стартап проекти.

Во Македонија, како најголем развоен центар на Netcetera, конкуренцијата ја гледаме во другите ИТ компании од аспект на човечки ресурси. На ова поле навистина се разликуваме од останатите. Задоволството на вработените од работната позиција, задачите кои ги добиваат и нивниот третман за нас се приоритет. Нудиме бенефиции што ретко може да се сретнат во другите компании во регионов. Почнувајќи од можностите за професионален развој и напредок во кариерата, пристап и учество во високо-иновативни проекти базирани на нови технологии, до можности за учење и  присуство на разни обуки и настани во целиот свет. Не само на професионално поле, ние се грижиме и за здравјето и среќата на нашите вработени и нивното семејство. Овозможуваме приватно здравствено осигурување и субвенции за семејствата, организираме спортски активности: планинарење, кошарка, одбојка,  фудбал, скијање, пливање, трчање итн., организираме настани од забавен карактер… нашите журки се легендарни! Креираме сопствен кадар, активно учествуваме во организирање настани, обуки и пракси за студенти. Ние го организираме CodeFu натпреварот веќе 10 години и сме главни спонзори на Javaskop конференцијата.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
Нашите клиенти се од Швајцарија, Европска Унија и Обединети Арапски Емирати. Како најголеми клиенти можеме да ги издвоиме најголемата швјацарска банка UBS и швајцарска железница SBB.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Во Македонија има голем потенцијал со ИТ професионалци, но сметаме дека недоволно се разменуваат практични искуства. Сакаме да ја подобриме заедницата на ИТ професионалци за да иницираме размена на искуства и технологии, организирање повеќе настани, технички предавања и конференции.

10. Што ќе работи Netcetera во 2022 година?
Веќе ги почнавме првите чекори во областа на machine learning, проширена и виртуелна реалност (AR/VR) и конверзациски интерфејси (conversational interfaces) и очекуваме дека до тогаш овие технологии ќе земат голем замав, а ние ќе имаме доста проекти во ова поле.


11. Споделете еден “fun fact” за Вашата компанија.
Имаме сопствен бенд! Нашиот одбојкарски тим победува на турнири. Ние сме главни виновници што веќе 10 години се одржува CodeFu. Имаме сопствено пиво, се вика Ипанета!

Официјален сајт:
http://netcetera.mk/

Netcetera на друштвени канали:

Facebook / Twitter / LinkedIn / Instagram

Посетете го профилот на Netcetera на ИТ Индекс.


Знаеш компанија која треба да ја додадеме на ИТ Индекс? Кликни тука и Предложи компанија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments