Еден од настаните по кои се препознатливи Новогодишните празници последниве години е дигиталното следење на Дедо Мраз. Santa Tracker е еден од оние будалести сервиси со кои Google ги одбележува празниците.
За жал, платформа не е достапна во целост, апликацијата не е достапна, а и не е корисна за користење во Македонија. Сепак поголем дел од деловите се достапни. Така децата со помош на родителите ќе можат да научат: новогодишни термини на повеќе јазици; традиција за празниците во повеќе различни држави; и новогодишно кодирање.
Во следните дваесетина дена Santa Tracker ќе отвора по една функционалност секој ден. На крајот, на 24 декември посетителите ќе можат да ја следат санката на Дедо Мраз, додека патува насекаде.