2 коментари 2 мин. читање 25 јануари, 2012

Имињата на педофилите ќе бидат објавени јавно на интернет

За да се спречи педофилијата и злоупотребата на децата, Министерството за труд и социјална политика одлучи јавно да објави посебен регистар за лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на деца. Регистарот, кој е одобрен со Закон, ќе се појави во наредниве три месеци.

„По ова досега осудените 68 лица за ова кривично дело ќе бидат објавени во самиот регистер и ќе бидат јавно достапни. Откако на мегдан ќе бидат ставени осудените за тешкото зло, освен од државата, ќе бидат осудени и од околината“, вели министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, со поддршка на Црвениот крст на Македонија, ќе продолжат со едукацирање на децата, наставниците и родителите за како да препознаат педофилија и злоупотреба на малолетници.

„Првичните резултати од досегашната имплементација на оваа кампања покажуваат исклучително позитивна реакција и кај родителите и кај наставниците, но за нас беше најважно тоа што кај самите деца се јави потреба за вистинска информација. Во поглед на очекувањата тоа треба да ни помогне многу во процесот на превенирање на ова кривично дело, практично на ова зло“, вели министерот Ристовски.

Кампањата „Со едукација и знаење до превенција од сексуална злоупотреба/педофилија“ досега се спроведе во 29 општини и во 142 училишта, и тоа во 102 основни и 40 средни, од кои 25 (17 основни и 8 средни) во Скопје.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
asd
asd
14 years ago
Sonia Abadzieva
Sonia Abadzieva
14 years ago

Mora da se stegnat od site strani

Мени
Заедница
Изглед
To top