0 коментари 2 мин. читање

Triple Town, ако сакате да ги надминете останатите зависности во животот

Сите веќе ги познаваат глобалните уништувачи на продуктивноста како Farmville или Mafia Wars, тие игри се доволно едноставни за секој да им пристапи, а друштвениот елемент спретно се користи за да ве натера да се вратите претерано често.

Сега доаѓа нов играч во глобалното село наречен Triple Town кој несомнено пробива низ ѕидините на Farmville одбранети веќе неколку години со нови наслови на игри како Cityville или Castleville. Но, за разлика од Farmville, игра што едноставно бара да се игра често и агресивно да се промовира играта кај вашите Facebook пријатели, Triple Town всушност е интензивно комплексна игра, иако тоа нема да го приметите при првото играње.

Играта е бесплатна да се игра на Facebook, а неодамна стана достапна за iOS и Android мобилните платформи каде што можете да ја симнете бесплатно.

Сé сe базира на спојување на барем три исти елементи, три дрва прават куќичка, три куќички прават поголема куќа, и така натака од едноставни симболи како грмушки, полека прогресирате до лебдечки замоци, но, (секогаш има но) оваа пионерска идила е ограничена со просторот и што е најважно, непријателот е во форма на гигантски мечки.

Сложеноста на играта се зголемува како прогресирате во истата, првите неколку чекори се едноставни, но иновативноста во играта доаѓа со тоа што уште од најраните чекори и решенија каде да градите, треба да решите стратешки каде да ги поставите елементите, ако воопшто сакате да има простор доволно. Како полека го пополнувате просторот, така помалку избор имате, некогаш може да се заглавите во „шах мат” ситуација, а некогаш може да триумфирате во нај густите ситуации, со малку „паметно” играње.

Spryfox, студиото што стои позади Triple Town победуваат и во однос на дизајнот, злобните мечиња што се главниот протагонист во играта, претставуваат една од препреките што ќе се соочите во текот на играта (Специјалните нинџа мечиња ќе останат не спомнати поради безбедноста на авторот на овој текст).

[youtube]g1Wk2On9uHo[/youtube]

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Мени
Заедница
Изглед
To top