iMessage на Apple јаде се поголем дел од питата на SMS пораките

Откако Apple овозможи праќање бесплатни пораки преку iMessage во iOS 5, фрефенцијата на пратени кратки текстуални пораки почна да опаѓа. Штом повеќе луѓе го надоградија својот стар iOS во iOS 5 за да се овозможи користење на iMessage, и штом доволно луѓе купија iPhone 4S со веќе вграден iOS 5, бесплатните пораки се покажуваат како се повеќе популарни од платените SMS пораки кој веќе подолг период држат на цена, иако за самите компании станува се поевтино да ги одржува како сервис.

Невен Морган, програмер за iOS, објави интересен графикон за како новата iMessage апликација му ги променила навиките. Разликата е очигледна.

Слични графикони каде се забележува очигледното опаѓање на користење на текстуалните пораки, го забележува и The Next Web. Нивните графикони се од неколку блогери и сите прикажуваат сличен тренд. Една интересна работа е што опаѓањето на популарноста на SMS пораките не започнува со објавувањето на iMessenger, туку откако сите пријатели ќе се префрлат на новиот iOS 5.

Овие промени воглавно видливи во САД, како и во Финска и Хонг Конг, несомнено ќе влијаат и на европската платежна клима, посебно затоа што неколку телекомуникациски компании што се активни во Европа, се активни исто така и во САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk