Поради директното плаќање Apple и Google ја отстранија Fortnite

Директното плаќање е причина Apple и Google да ја отстранат Fortnite од своите продавници. Fortnite без сомневање е една од најпопуларните видеоигри во моментов, но играчите кои играат од телефони не можат да играат.

На крајот на минатата (13 август) недела Epic Games издадоа надградба на популарната видеоигра. Заедно со надградбата за корисниците на iOS и Android додадоа можност за директно плаќање. Со ова корисниците можеа да платат директно на креаторите на Fortnite. Единствен начин на плаќање кој е дозволен на овие платформи е преку нивните сервиси и Fortnite беше отстранета речиси веднаш.

Со последната надградба на видеоиграта Epic Games ја намали цената на дигиталната валута која се користи за купување на козметички надградби во играта. Дополнително на своитe корисници им овозможи да купуваат директно од нив. Apple и Google земаат 30% од секоја трансакција, па иако Epic ја намали цената за 20%, сепак ќе заработуваат повеќе.

Отстранувањето не беше изненадување за Epic

Освен за Apple можноста за директно плаќање беше проблем и за Google, па и Apple и Google речиси веднаш ја отстранија Fortnite од своите платформи. Epic не беа изненадени од одлуката Apple да ја отстрани играта од продавницата. Речиси во истиот момент го објавија ова видео:

По ова Epic уште истиот ден поднесе тужба против Apple за злоупотреба на доминација на пазарот. Во тужбата Epic вели дека Apple има монопол врз iOS екосистемот и поради злоупотребата консументите на крај плаќаат повисока цена.

Во основа се бориме за правото на луѓето кои купиле паметен телефон од локација која ја одбрале; избор за креаторите да ги дистрибуираат апликациите како сакаат и слобода овие две групи да купуваат и продаваат директно едни од други. Главниот аргумент од другата страна е дека производителите на паметни телефони имаат право да прават што сакаат. Ова е ужасна замисла. Сите имаме права и треба да се бориме против сите кои ни ги негираат. Дури и ако ова значи борба против омилена компанија како Apple, вели Тим Свини, основач на Epic Games.

Проблеми и пред Европската Комисија

Пред речиси точно еден месец Европската Унија го отвори токму ова прашање пред комисијата за заштита на пазарот. Фокусот на Европската Комисија е како да се обезбедат подеднакви правила за креаторите на апликации ако нивниот софтвер директно се натпреварува со Apple. Истрагата е отворена на барање на Spotify и на дистрибутер на е-книги кои велат дека компанијата ја злоупотребува својата положба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Во август мината година Epic се обиде да го „извади“ плаќањето за „козметика“ во Fortnite надвор од AppStore и Google Play. Компанијата тогаш им овозможи на своите корисници да купуваат директно од Epic и поради немањето на провизија, ја намалија цената за 20 проценти. Речиси веднаш двете најголеми продавници ја отстранија Fortnite од своите платформи. […]

trackback

[…] Ако Apple ги отстрани Unreal Engine од својата платформа жртва ќе биде и Microsoft, но и останатите развивачи на видеоигри. Односот на Apple и Epic е влошен од пред неколку недели. Започна откако Epic во Fortnite додаде можост за плаќање надвор од iOS. По ова Apple веднаш ја отстрани популарната игра од AppStore. […]

trackback

[…] Ако Apple ги отстрани Unreal Engine од својата платформа жртва ќе биде и Microsoft, но и останатите развивачи на видеоигри. Односот на Apple и Epic е влошен од пред неколку недели. Започна откако Epic во Fortnite додаде можост за плаќање надвор од iOS. По ова Apple веднаш ја отстрани популарната игра од AppStore. […]

vg
vg
4 years ago

„вели Тим Свини, основач на Apple.“ – Тим Кук е основач на Епл. Тин Свини е основач на Епик

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Singular

Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk