(Тексот е првично објавен на форумот на IT.com.mk. од Xenon.)
„Повозрасните членови, како и оние помладите што не излегувале премногу надвор да си играат со топче како одредени весели четвороножци, го памтат периодот oд 2000 до 2005 година кога ја преминавме границата од 1 Ghz. AMD тогаш царуваше и имавме можност ефтини Duron процесори да ги бркаме од 700 на 1000 Mhz, па потоа Thunderbird 1.4 Ghz+, па првите двојадрени процесори како феноменалниот Opteron 165 (и 170) кои од 1.8 се клокаа на 2.6 Ghz, и нудеа толку многу забава и перформанси за парите а работеа прилично „млако” температурно гледано, дури и за денешни услови.
Тоа време ретко кој беше Intel ентузијаст. Како денес на пример што има луѓе што сè уште користат Apple телефони. Тоа време да се има Intel процесор (машина) е како денес да се користи Apple телефон. Грееја, држеа цена и нудеа многу помалку перформанси за парите. Intel тогаш бркаше мегахерци и имаше неверојатно долг pipeline (заради тоа и високата херцажа). Но, дојде некаде 2006-та и Core 2 Duo (Conroe) архитектурата се појави и направи р’шум за 2 секунди…“
… Продолжи да го читаш постот на Xenon на форумот на IT.com.mk. Зачлени се за да споделиш мислење.