Илон Маск: Можеби живееме во видеоигра

во Свет

Се чини дека успешните милијардери немаат недостаток од чудни идеи, или можеби сепак ова важи само за директорот на SpaceX и Tesla Motors. На Code Conference 2016 конференцијата која се одржува во Калифорнија, Илон Маск рече дека можеби сите живееме во симулација.

„Пред 40 години го имавме Pong, два правоаголника и точка. Денес 40 години подоцна, имаме фотореализам и 3Д. Oва е најсилниот аргумент дека живееме во симулација. Ако размислите за напредокот, дури и да се забави 1.000 пати отколку што е сега, игрите наскоро нема да може да се разликуваат од реалноста. Можноста да сме во реалноста е еден во неколку милиони“, вели г. Маск.

Доколку пак не сме во некоја симулација, најверојатно единствената причина за тоа е што досега ниту една цивилизација не напредувала доволно да ја симулира реалноста, додава г. Маск. Надвор од можностите ова да не е вистинската реалност, Г. Маск зборуваше за колонизацијата на Марс, и можноста тоа да биде направено во 2024 година. Тој се прогласи и за крал на оваа планета, или барем ќе биде во можност да одбере кој ќе биде во владата на Марс, се разбира ова под услов дека ќе успее да ја колонизира планетата.

Што се однесува до автомобилите, г. Маск смета дека Google ќе биде отворен за соработка на полето на автономни возила, додавајќи дека не верува дека компанијата сама ќе ги произведува возилата. Applе пак ќе биде конкурент, но основачот на Tesla и Space X смета дека компанијата од Купертино и премногу доцни на пазарот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk