0 коментари 2 мин. читање 6 јуни, 2016

IT настан: Дали технологијата може да ги реши најголемите предизвици?

Шестиот и последен настан од TEDxSeptemvriskaSesijaSalon ќе се обиде да даде одговор на прашањето: “Дали технологијата може да ги реши најголемите човекови предизвици?“.

Мобилните апликации ја приближија и ја донесоа технологијата и знаењето до сите, но дали ова е максимумот што можат да го направат? Дали Big Data е решение на дел од проблемите со кои светот се соочува? Колку лаборатории за експериментални проекти се доволни? Ова се само дел од прашањата на кои ќе се обидат да одговорат говорниците на последниот TEDx настан кој се дел од шестте предавања.

Настанот ќе се оддржи на 8-ми јуни со почеток од 19 часот во просториите на ФИНКИ, односно во Регионалниот центар за социјални иновации, Барака 1 на ФИНКИ во Скопје. Билетите за посетителите се бесплатни, но бројот на места е ограничен, па доколку сакате да бидете помеѓу 25 посетители, тогаш подобро порано да ги контактирате организаторите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top