Избришете ги непотребните апликации со Uninstall Manager

0 коментари 1 мин. читање

Google ќе ви помага да избришeте мобилни апликации кои не ги користите. Uninstall Manager ќе помогне при поедноставно бришење на апликациите и ослобoдување на празниот простор. Апликацијата на Google ќе проверува кои апликации помалку ги користите, истовремено редејќи ги според количеството мегабајти што ги зафаќаат, но ќе ви покажува и колку простор е потребен за апликацијата која сакате да ја инсталирате. Uninstall Manager има можност за префрлање во Storage Settings и бришење на големи фајлови, како слики и видеа, јави Android Police.

Toa што е добра вест е дека не мора да ја барате апликацијата, станува збор за надградба на Play Store, а не за независна апликација. Функционалноста се активира автоматски кога сакате да инсталирате апликација за која немате простор на телефонот.

nexus2cee_psumhero

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top