Порано или подоцна може да се случи да треба да осмислите лого за некоја компанија, организација или, ако ништо друго, само затоа што имате слободно време и немате попаметна работа. :) Независно од причината, една онлајн алатка има бројни опции за лесно, брзо и ефикасно создавање на лого како што навистина вие сакате!

DesignEvo ви дозволува бесплатно да создавате најразлични logo-а така што ви нуди на располагање над 10 000 професионално осмислени урнеци. Откако ќе одберете некој урнек, можете да комбинирате милиони икони со над 100 најразлични фонтови. Сите елементи кои ги поставувате во вашето лого се подложни на најразлични прилагодувања. Сè се прави во реално време, со влечење и пуштање или преку лизгачи. Дури и никогаш да не сте „дизајнирале“ лого, лесно ќе можете да ги фатите сите конци и да се справите со можностите на алатката.
Откако ќе го посетите сајтот, кликнете на копчето Make a Free Logo за да навлезете во онлајн алатката. Од левата страна, можете да пребарувате најразлични урнеци, доколку точно знаете за каква организација ви треба лого. Под пребарувачкиот енџин имате урнеци подредени во најразлични категории, почнувајќи со животни и автомобили, движејќи се преку бизнис и образование, па сè до здраство, спорт или технологија и комуникација.

По одбирање некоја категорија, од десната страна ги добивате сите урнеци. Доколку некој урнек ви го привлече вниманието и застанете со стрелката од клувчето над него, ќе се појават две копчиња. Similar ќе ви покаже урнеци кои се слични на тој што го гледате, а Customize ќе ја отвори онлајн алатката за додатно уредување на логото.

Логото кое ние го избравме можете да го менувате како сакате. Можете да ја менувате големината и ориентацијата на сликата, заедно со доминантните бои кои ја исполнуваат, како и да го намалувате или зголемувате процентот на транспарентноста. Што се однесува до текстот, може било што да напишете, да го менувате фонтот, боите, големината и слично.
Паралелно со ова, можете да вметнувате други икони, форми и облици или позадини – таквото нешто го правите од левата страна, преку соодветните опции, icon, text, shape, или bkground. Штом сте задоволни од направеното лого и кликнете на опцијата Preview, добивате неколку примери за тоа како изгледа логото кога е ставено на документи или картички.

Преку копчето Download се нуди можност за преземање на логото. Тука е и најголемиот „проблем“ со DesignEvo. Бесплатната верзија ви дозволува да го преземете логото со резолуција од 300 x 300 px. Ова е исклучително ниска резолуција и на одредени лица би можело да им засмета тоа. Паралелно со ова, за да го преземете логото, потребно е првин да го споделите DesignEvo на некоја од социјалните мрежи. Барем така тие викаат, но немаат систем за проверка на таквото нешто.
Преземеното лого е во JPG и PNG фајл и нема никакви водени жигови. За многу повеќе опции при преземање на направеното лого, потребно е да одберете еден од двата понудени платежни столбови, кои, сакаме да потенцираме, не се претплати, туку дозволи да го преземете само тоа едно лого што сте го направиле во повисока резолуција, транспарентна позадина и ред други предности.







