Доколку имате здодевно и неинспиративно лого, би можеле да пробате да ги размрдате работите така што ќе му вдахнете на логото посебна свежина.
Со посетување на веб сајтот https://krea.ai/fun/logos ќе можете или да изберете некое од понудените логоа преку Change logo паѓачкото мени, или пак да вметнете ваше лого со избирање на истото паѓачко мени, па избирање Upload my own.
По избирање на соодветното лого, можете да напишете детално каква илузија, односно слика да биде создадена во која ќе биде вметнато истото. Доколку не се чувствувате креативни, можете да изберете некој од веќе понудените описи.
Штом сте задоволни со поставените информации, кликнете на копчето Generate Illusion. Во случај да сакате, лесно ќе можете да си го преземете и споделите сработеното.