Една од најстарите софтверски компании во регионот, хрватскиот IN2 сега е дел од канадскиот гигант Constellation Software. Компанијта постои од 1992 година, а речиси и да нема поголем софтверски проект во Хрватска во кој не учествувале, вели Netokracija. Веста за промената на сопственост излезе на крајот на минатата недела.
IN2 има над 650 вработени, а според проценките, компаниајта вреди над 25 милиони евра. Сепак засега не се објавени финансиските детали од продажбата.
„Купувањето на IN2 претставува континуиран чекор во нашата посветеност кон информатичките решенија во регионот. Возбудени сме поради квалитетот на луѓето и на клиентите во IN2. Она што IN2 го оствари последние 25 години е исклучитено и се надеваме дека работата во регионот ќе ја темелиме токму на нивните постигнувања“, вели канадската компанија во соопштение.
Се чини дека и хрватската компанија е подеднакво задоволна од постигнатиот договор.
„IN2 е една од првите хрватски исклучиво софтверски компании. Со својот раст учествувавме во креирањето на ИТ-пазарот и трендовите во индустријата, а со нашите решенија, овие 25 години оставивме траг и во приватниот и во јавниот сектор. Моја желба е во иднина да станеме глобална компанија, а верувам дека нашиот партнер Constellation Inc. е вистински извор за оваа етапа“, вели основачот на IN2, Анте Мандиќ.
Constellation Software има над 13.000 вработени, а постои од 1995 година. Главно функционира преку купување на помали компании од целиот свет. Компанијата има над 200 компании на сите континети, а работат на развој на софтвер за 60 различни индустрии.







