0 коментари 2 мин. читање 13 октомври, 2011

Facebook ја купи друштвената мрежа Friend.ly

Facebook ја купи друштвениот стартап Friend.ly, со што се збогати за уште една платформа, и го зголеми тимот на креативни луѓе. Friend.ly е друштвен сервис, стартуван пред две години и е изграден врз Facebook, кој преку одговарање на прашања им помага на корисниците подобро да ги запознаат своите пријатели, како и да направат нови познанства.

Според официјалниот блог на Friend.ly, оваа платформа ќе продолжи да функционира како посебен сервис, додека тимот зад Friend.ly ќе се фокусира на нови проекти на Facebook. Преку опцијата Facebook Questions, Facebook веќе го нуди истото што и Friend.ly. Од тука може да се заклучи дека причината за купување на оваа друштвена мрежа не е потребата од дополнителна платформа, туку поради тимот кој стои зад неа.

Facebook на повеќе наврати има купено компании само заради луѓето кои стојат зад нив. Пример за ова е купувањето на Sofa, софтверска компанија чиј тим е познат по одличните дизајни.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top