PlayStation мрежата повторно е цел на напад, суспендирани 93.000 профили

По се изгледа на корисниците на PlayStation мрежата 2011 година нема да им остане во добро сеќавање. Само што проблемите со Lulzsec и останатите  безбедносни проблеми кои ги имаа се подзаборавија, корисниците на PSN повторно се потсетија на немилите настани.

Според известувањето кое го  објави нивниот безбедносен експерт мрежата е повторно цел на напад. Натрапниците имале кратковремен пристап на 60.000 профили на PS мрежата и 33.000 профили на SOE (Sony Online Entertainment). Овојпат од Сони тврдат дека извор на податоци за компромитираните профили не е PSN, туку дека овие податоци доаѓаат од од една или повеќе листи на други компании, веб страни и останати извори. Напаѓачите се обиделе со овие податоци да дојдат до пристап на профилите на нивната мрежа. По несовпаѓањето на овие податоци со нивната датабаза, нападот е откриен и нападнатите профили се привремено исклучени.

Цел на нападите биле околу 0,1% од корисниците, а само мал дел од овие 93.000 покажале знаци на активност пред да бидат исклучени. По прегледувањето на профилите за недозволен пристап ќе бидат објавени дополнителни информации. И покрај тврдењето дека кредитните картички на корисниците овојпат не се во опасност, во известувањето сепак е напоменато дека сите трансфери кои се направени од нападнатите профили без согласност на корисникот ќе бидат рефундирани.

Понатаму како превентивна мерка на засегнатите корисници ќе им биде ресетирана лозинката. Истата мерка ќе биде предземана и за корисниците на SOE. Во извештајот експертот за безбедност ги потсети корисниците за важноста на единствен сет на кориснички имиња и лозинки за сите онлајн активности.

Извештајот и мерките кои се предземени се сосема во ред меѓутоа ова не е изолиран настан кој на Сони им се случува првпат. Во целава ситуација нивните екперти реагираат дури откако ќе се појави проблем и што е уште полошо не го исправаат на сите услуги кои ги нудат туку само на нападнатите делови. Па така и покрај тоа што по нападот на PSN им било јасно за безбедносните дупки кои ги имаат, не предземаа мерки да ја заштитат или да ја подобрат безбедноста на SOE се додека истите напади не се случија и таму. Најверојатно ако продолжи ваквиот тренд во Сони, нивните корисници ќе бидат приморани да побараат услуги кај нивните конкуренти.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] соопштенија за сигурноста при играњето, па повторни напади и исклучување на корисниците заради нивната […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk