Хирург сними операција со GoPro, потоа им даде на студентите да ја вежбаат со Oculus Rift

Oculus Rift нема само да се користи за играње или гледање на филмови. Неговата можеби најинтересна и корисна примена ќе биде како тренинг алатка. Фондацијата Мoveo ја финансираше првата 3Д операција која ќе биде од огромна помош на студентите по медицина.

Најпрво на Декарт универзитетот во Париз со две синхорнизирани GoPro-камери поставени на главата на Др. Томас Грегори е снимена цела операција на вградување на вештачки колк. Ова ќе овозможи студентите да видат токму она што го гледа главниот хирург во текот на операцијата, но и многу повеќе од тоа. Идејата е кога ќе биде завршен проектот да се овозможи целосна слобода во симулаторот, како и интеракција со медицинската опрема и медицински инструменти.

Иако Oculus Rift не е креиран да биде медицинска опрема, сепак можностите кои би можел да ги отвори за следните хирурзи се преголеми за да биде занемарен. Слично како и паметните телефони, кои иако не се креирани за медицински инструменти во пределите каде нема пристап до здравствена заштита се користат како инструменти, а не може да се заборави ниту на апликациите кои се повеќе ќе се користат во медицината.

[youtube]pKT7zZ7Lo6w[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments