Деветнаесет годишниот Генадиј Короткевич од Белорусија е победник на Google Code Jam. На овогодинешниот натпревар учествуваа 26 програмери од Белорусија, САД, Кина, Јапонија, Бугарија, Украина, Полска Русија, Кореја, Чешка и Бразил.
Проблемите за учесниците во финалето беа тешки и оваа година, па не е изненадување што ниеден од натпреварувачите немаше совршена оценка. Во финалето учествуваа 25 програмери кои се квалификуваа на интернет и минатогодишниот победник Иван Миателски, кој е исто така од Белорусија. Финалето траеше четири часа, а покрај Генадиј Короткоевич, награди добија и Евгени Капун од Русија – сребрен медал за второ место, и Јужоу Гу од Кина за третто место. За жал на натпреварот немаше девојки оваа година, но Google започна со промоција на Google Code Jam за девојки.
Интересно ова не е прв пат на тинејџерот да учествува и да се квалификува за финалето на овој натпревар, но минатата година беше премлад за влез во финалето. Покрај можноста да се пофали дека е најдобар програмер на светот, Генадиј е добитник и на парична награда од 15.000 долари.







