Girls Who Code им помага на девојките да станат програмери и машински инженери

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Софтвер

Џасмин Фернандез има 18 години, сака роботи, и e една од девојките чии живот е променет од Girls Who Code програмата во Facebook. Таа секое утро со автобус патува од Оукленд до Силициумската долина, но уште од сега резултатите од програмата се забележителни, па Џасмин најверојатно ќе го оствари својот сон и ќе стане машински инжинер, пренесе USA Today.

Џасмин заедно со 20 други девојки преку летото го посетуваше кампусот на Facebook каде изучи програмирање, присуствуваше на работилници и беше дел од посети во најголемите технички компании. Покрај учењето, во Менло Парк и помогнаа и да се здобие со поголема самодоверба. „Мислев дека не сум доволно паметна. И дека нема да можам да го направам ова… Сега навистина велам, можам да го направам ова“, вели Џасмин. Girls Who Code е распространета насекаде во САД, а од 20 девојки и мала училница во 2012 порасна на 380 и 16 компании. Програмата е креирана од наставници, инженери и претприемачи за да се заинтересираат девојките за програмирање. На крај на седум неделната програма девојките креираат проект и го пичуваат пред инжинерите. Основачот Решма Саујани се надева на 1 милион девојки до 2020 година, но и на можност следниот Марк Закенберг да биде девојка.

Girls Who Code има за цел да го зголеми присуството на девојките во техничките компании, во САД половината од работната сила се жени, но во техничките компании се само 25 отсто. Бројката за Афро-американки е помала и изнесува 3 отсто, а најлош е бројот на Шпанките кои се присутни во техничките компании само 2 отсто. Дел од девојките кои учествуваа на Girls Who Code курсевите веќе имаат значајни проекти. Кора Фредерик има само 19 години, а веќе работи на машина која ќе го намали пројот на лажни позитивни резултати при детектирањето на ракот на дојка, Минг Хорн основа стартап кој им помага на сирачињата во Камбоџа да научат да програмираат. Благодерение на курсот Girls Who Code дури 99 отсто од девојките се заинтересирани да го продолжат своето образование на техничките факултети, а 95 отсто се заинтересирани да изучуваат компјутерски науки во повисокото образование.

[youtube]OVwrO1AxhJo[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk