0 коментари 1 мин. читање 17 март, 2016

Гулаби сo сензори во ранче ќе го мерат квалитетот на воздухот во Лондон

Загадувањето на воздухот е голем проблем во Лондон, но Plume Labs најде иновативен начин како да се споделува релевантни информации и да ги информираа граѓаните. Гулаби со ранче на грб ќе го чуваат воздухот во Лондон, а во ранчето ќе бидат прикачени сензори кои го мерат квалитетот на воздухот. Резултатите се презентираат преку Android и iOS апликации.

Проектот Pigeon Patrol U.K. е дело на Plume Labs, а резултатите од мерењата ќе бидат споделени на Twitter на @PigeonAir. Сензорот тежи 25 грама, а може да го измери нивото на азот-диоксид, но има и GPS сензор кој ќе овозможи креирање на мапа на загадувањето.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top