0 коментари 1 мин. читање 17 март, 2016

Uber стартува фамилијарни профили

Uber конечно ќе додаде семејни профили кои ќе имаат заедничка сметка за превoз. Компанијата започнува со тест фаза во американските градови Атланта, Далас и Феникс, каде десетмина корисници ќе можат да делат заедничка сметка, јави Next Web. Секој од овие десет корисници ќе мора да креира сопствен Uber профил, но потоа ќе може да се приклучи на иста кредитна картичка со членовите на своето семејство.

Доколку некој член од семејството сака да патува без тоа да се прикаже на картичката, може да плати и од посебна картичка која ќе биде прикачена на uber-профилот. Новитетот е одличен додаток за децата кои сега ќе можат да ја користат апликацијата, иако засега е непознато дали корисниците ќе можат да спречат некое патување на неполнолетните деца доколку не дале дозвола.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top