Неодамна Илон Маск најави отворање на нова „Gigafactory“ – фабрика која ќе работи речиси исклучиво на производство на батериите за електрични автомобили, поточно за Tesla Model S. Според информациите од Tesla, првата ваква фабрика ќе биде лоцирана во Невада во близина на Рено, но компанијата ќе започне и со креирање на исти објекти на уште една или две локации, јави Business Insider.
Фабриката е потребна за зголемувањето на произведените батерии годишно од 200.000 на 300.000 парчиња. Инвестицијата Tesla Motors ќе ја оствари со јапонскиот гигант Panasonic кој би можел да инвестира околу милијарда од 5-те милијарди долари кои се потребни. Дополнителни можни локации за фабриката се Тексас, Ново Мексико и Калифорнија, но не како замена за Невада, туку како посебни локации. Овие фабрики би им биле потребни на Tesla Motors доколку сакаат да го остварат својот план за креирање на 500.000 електрични возила до 2020 година.








