Google започна да заработува на уште еден начин, а тоа е преку нудење на реклами во мејл сандачињата на Gmail. Иако од порано беа присутни рекламите на страниците на Gmail, сега се работи за нов начин на рекламирање. Рекламите пристигнуваат како пораки кои може да бидат отворени како мејловите и да бидат испратени на останатите корисници.
Овој начин на прикажување на реклами е забележан во текот на претходната недела и истите се прикажуваат на табот со промоции. Рекламните пораки се разликуваат по тоа што се обоени со жолта позадина и на левата страна е истакнато дека се работи за рекламна порака.
„Наместо рекламите да се прикажуваат на врвот од вашето сандаче, тие беа преместени на посоодветно место, во табот за промотивен материјал. Дополнително, го подобривме квалитетот на реклами и нема да се прикажуваат доколку се нерелевантни – што значи дека ќе има моменти кога нема да имате реклами. Исто така, рекламните пораки можете да ги избришете со кликање на Х копчето на десната страна“, објаснува Google за VentureBeat.
Ads in GMAIL – sent as normal emails. Anyone else saw this? pic.twitter.com/oAgaT1mcAJ
— antonio.gulli (@gulliantonio) July 18, 2013







