Апликација на денот: App Override ви дава да ги персонализирате поставувањата на апликациите

0 коментари 1 мин. читање

Секоја апликација на вашиот паметен телефон има однапред дефинирани поставувања, но тоа не значи дека вие не може да имате контрола врз нив. Со помош на App Override можете да ја менувате големината на текстот во апликациите, менувате ориентација на екранот и многу други ситни детали кои ќе ви го направат користењето на апликацијата позабавно, поперсонализирано и покорисно.

Дополнително, апликацијата ви овозможува да поставите и минимум и максимум брзина на процесорот за секоја од апликациите. App Override нуди и можност за избирање апликацијата да функционира само преку Wi-Fi, што е навистина одлично доколку апликацијата оперира со податоци и постојано ги синхронизира.

App Override можете да ја инсталирате на било кој телефон што работи на Android 2.3+ и е бесплатна за преземање од Google Play.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top