Google подготвува таблет компјутер од највисок квалитет, вели Ерик Шмит

во Мобилни, Хардвер

Во следниве шест месеци ќе претставиме таблет компјутер, вели шефот на бордот на Google, Ерик Шмит за италијанскиот весник Corriere della Sera.

Android таблет компјутерот на Google ќе биде од највисок квалитет, што значи дека ќе биде директна конкуренција на Apple iPad. Се претпоставува дека таблет компјутерот ќе биде поголема верзија на паметниот телефон на Google, Nexus.

Г. Шмит во интервјуто имаше пофални зборови за неодамна починатиот ко-основач на Apple, Стив Џобс, кого го нарече „Микеланџело на нашата ера“, но најави и „брутална конкуренција“ на мобилниот пазар.

„Стив го сфати револуционерниот потенцијал на таблет компјутерот и направи неверојатен продукт со iPad… Но, нашите компании се конкуренти.“, вели г. Шмит. „Во следниве шест месеци ќе претставиме таблет од највисок квалитет. Во мобилната комуникација и на пазарот на паметни телефони, ќе видите брутално натпреварување помеѓу Apple и Google Android. Тоа е капитализм.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments