Google Play забележа 25 милијарди симнувања; понуди апликации за само 25 центи

во Мобилни, Софтвер

Google само што објави дека нивната продавница со над 670.000 Android апликации го забележа 25 милијардитото симнување. Тоа што можеби дава поголема перспектива на популарноста и растот на четири-годишниот Google Play е што пред само три месеца, во јуни, во продавницата имаше 600 илјади апликации и беше забележано 20 милијардитото симнување.

Но, споредено со најголемиот конкурент Apple кој има над 700.000 апликации, на Google Play му требаше малку повеќе денови, околу 1.435, да стигне до 25 милијарди симнувања, додека на App Store му требаа 1.334 денови да стигне до истата бројка.

По бројот на апликации се тука некаде, но тоа што е проблем за Google е што две-третини од Android корисниците не сакаат да платат за апликација. За да ги мотивира да купуваат, и секако да го прослават моментот, Google во наредните пет дена ќе понуди популарни апликации за само 25 центи (12 денари) од Gameloft, Electronic Arts, Rovio, Full Fat… Покрај апликациите Google ќе понуди и колекции на 25 филмови, 25 забранети книги, 25 албуми итн., сите со пониски цени.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments