0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2012

Intel вели дека Windows 8 не е целосно завршен, но тоа не е проблем да биде објавен

Директорот на Intel, Пол Отелини на состанок со своите вработени им рекол дека Windows 8 ќе излезе иако не е завршен и дека се уште треба да се прават подобрувања на софтверот, пишува Bloomberg. Веста излезе од неидентификуван извор кој поради доверливоста на средбата побарал да биде анонимен.

Според г. Отелини, тоа што Microsoft го објавува оперативниот систем предвреме е добар потег бидејќи измените можат да се направат подоцна. Целта која го оправдува потегот на прераното објавување е да се искористи моментот да се објават нови таблет компјутери пред Apple, кои ќе работат на Windows 8 и кои ќе бидат во продавниците пред новогодишниот период.

Аналитичарите велат дека токму поради ова оперативниот систем ќе излезе недоволно „исполиран“, иако основата на Windows 8 и Windows RT е одлична, а тоа што недостасува се апликации и драјвери.

„Tемелите на Windows 8 се одлични, иако на оперативниот систем му недостасуваат апликации, а производителите на комјутерска опрема немаат доволно време да ги решат ситните проблеми со драјверите кои го поврзуваат софтверот со хардвер како, на пример принтери.“, вели Мајкл Чери од Microsoft.

Од Intel сепак одбија да го коментираат за внатрешниот состанок на компанијата. Наместо тоа велат дека Intel верува дека Windows претставува огромна можност за нив и се радуваат на соработката со Microsoft за овозможување на нови искуства на корисниците за многу нови уреди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top