Вдомете 3D диносауруси во вашиот дом со новата алатка на Google

во Веб, Вести

Доколку отсекогаш сте сакале да го разубавите вашиот дом и со диносауруси, тогаш ви ја треба најновата алаткатка за проширена реалност на Google. Со неа, можете да одберете еден од 10 понудени 3D модели на диносауруси и да ги поставите каде било во вашите соби, како и да ги слушате звуците кои ги прават.

За да додете до саканиот ефект, не е потребно инсталирање апликации. Едноставно можете да го посетите Google преку прелистувачот на вашиот телефон кој мора да има барем Android 7. Потоа, напиштете во полето за пребарување има на некој од следниве диносауруси:

Tyrannosaurus rex, Velociraptor, Triceratops, Spinosaurus, Stegosaurus, Brachiosaurus, Ankylosaurus, Dilophosaurus, Pteranodon, или Parasaurolophus.

Или, напишете само dinosaur.

Потоа, побарајте ја опцијата View in 3D, на врвот од пребарувачките резултати и наместете ја направата како сакате се додека не се појави диносаурусот на некоја ваша површина. Можете да ротирате или зумирате рептили, како и да фотографирате некоја ваша површина со нив, или да снимите видео.

Најдете повеќе информации тука!

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] интересниот нов проект на Google каде можевте да вдомите 3D диносауруси во вашиот дом користејќи проширена реалност. Но, Google изгледа не сака […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk