Google знае како да направи прекрасни Doodle за да испочитува важни датуми и личности, но знае и да се изглупира и да направи откачени игри од својот пребарувач.
Впишете „zerg rush” во Google и одеднаш сте во Starcraft игра. На прелистувачот започнуваат да се појавуваат малку букви „о“ кои започнуваат да јадат се на екранот, со агресивност која е достојна на Zerg расата од популарната видео игра. Кликнете два пати и курсорот ќе ви се претвара во пиштол. Колку повеќе уништите толку повеќе поени добивате.
На крај може да го споделите резултатот. Но! Тоа може да го направите само на нивната друштвена мрежа Google+. Одличен маркетинг Google и одлична викенд забава. :)









наслов: Стракрафт*
85 | 238 APM
Dobro