Ќе ја отстранат ли Apple и Google апликацијата на TikTok од своите платформи

Најпопуларната апликација за споделување на видеа и најновиот тренд во социјалните медиуми – TikTok би можела да има сериозни проблеми. Комесарот на Федералната комисија за комуникација на САД, Брендан Кар, објави дека комисијата побарала од Apple и Google да ја отстранат TikTok од AppStore и Google Play.

Виралните видеа се само дел од содржините кои апликацијата ги „собира“ од корисниците. Според податоците на Комисијата TikTok испраќа чувствителни податоци за американските корисници во Кина. Овие податоци им се достапни на вработените во ByteDance, сопственикот на TikTok, во Пекинг. Apple и Google до 8-ми јули треба или да ја отстранат апликацијата или да објаснат зошто не го направиле тоа. Интересно е што Федералната комисија за комуникација и покрај барањето, нема овластување над содржината на продавниците за апликации.

„Ова не е обична видео апликација. Тоа е овчото руво. [TikTok] Собира купишта чувствителни информации, за кои новите информации велат дека се пристапуваат во Пекинг“.

Барањето на Федералната комисија за комуникација доаѓа по извештајот на BuzzFeed дека вработени во ByteDance во Кина повеќепати имале пристап до податоците на корисниците.

Претставници на TikTok потврдија дека апликацијата споделува дел од податоците со инженерските тимови надвор од САД, додавајќи дека споделувањето на овие информации e исклучиво ако е неопходно и под строга контрола.

Комесарот Кар смета дека TikTok е обврзан според кинескиот закон да споделува информации со властите во Кина.

„Како и многу интернационални компании TikTok има инженерски тимови насекаде во светот. Користиме ограничување на пристап преку криптирање и надзор на безбедноста за да обезбедиме дека податоците на корисниците се безбедни, а добивањето на дозвола за пристап до податоците, го надгледува безбедносен тим лоциран во САД. TikTok постојано повторува дека нашите инженери на локации надвор од САД, вклучувајќи ја и Кина, може да добијат пристап до податоците на американските корисници по потреба и под строга контрола“, велат од TikTok.

Податоците на американските корисници од овој месец се префрлени на серверите на Oracle Corp во САД, пренесе Reuters.

Што е TikTok

TikTok е едноставна апликација за креирање и споделување на кратки видеа. Видеата се со должина од 15 секунди до 10 минути.

Што се однесува до содржината на видеата најчесто се хумористични и забавни содржини наменети да ги насмеат и забавуваат гледачите, но има и практични совети кои може да бидат и покорисни.

Најголем дел од корисниците на апликацијата – 41 отсто се помеѓу 16 и 24 години.

Од третото тримесечје на 2021 година платформата има над 1 милијарда активни корисници. Прогнозата е дека до крајот на 2022 година ќе достигнат 1,8 милијарди корисници.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments