Друштвената мрежа тестира нов вид на вести. Се викаат Trending Articles, нема можност да бидат тргнати од фидот за вести, но, не спамират бидејќи се групирани на начин кој што го немаме видено на Facebook до сега.
Trending Articles се базирани на Open Graph акцијата „read” и ги поврзува новостите од апликациите за вести кои се популарни меѓу вашите пријатели, иако повеќето вести кои јас ги видов им се допаѓаат на еден или двајца пријатели што и не е баш „тренди“. Нема можност за коментирање од модулот, може да се отвори апликацијата која ги објавува новостите и има можност за споделување. Сепак има можност да се тргне некоја вест, најверојатно Facebook ќе учи кои вести ви се допаѓаат кои не, и ќе ви ги прикажува само тие од вашиот интерфејс.
Некои корисници велат дека ги забележале Trending Articles и во мобилната верзија на Facebook.








