OpenAI наскоро би можел да претстави и пребарувач

Веројатно нема да биде никакво изненадување кога OpenAI ќе претстави сопствен пребарувач. Пребарувачот без сомневање ќе доаѓа со поддршка од вештачка интелигенција и би можел да биде првиот сериозен конкурент за Google по долго време. Она што е изненадување е колку брзо, и без речиси никаква најава ова би можело да се случи.

Креаторите на супер популарниот ChatGPT веќе на почетокот на следната недела би можеле да претстават свој прелистувач. Ова не е прв пат да се појави информација за развој на прелистувач, иако досега немало споменување на конкретна дата. Овој пат, два извори за Reuters јавуваат дека претставувањето би можело да биде веќе во понеделник на 13 мај.

Со пребарувачот OpenAI би станал и директна конкуренција со Google, иако и досега двете компании зафаќаа делови од истиот сектор. Тука е и Gemini вештачката интелигенција на Google која е директен конкурент на ChatGPT. Уште еден стартап кој што е фокусиран на вештачка интелигенција – Perplexity, е заинтересиран за иднината на пребарувањето. Интересно, предвидувањето за понеделник би ја поставило презентацијата само еден ден пред Google I/O и би можело да ја засени конференцијата. Датата сѐ уште не е потврдена од OpenAI, но се чини дека пребарувањето ќе го видиме наскоро.

Според претпоставките производот кој би го претставила компанијата ќе биде своевидна надградба или продолжение на ChatGPT. Алатката е одлична кога ни е потребен одговор на некое специфично прашање, иако дури и најновиот модел не е најдобар за презентирање на нови податоци. ChatGPT веќе не е нов, па веројатно веќе знаете што може да очекувате. Според Bloomberg пребарувачот на OpenAI ќе биде креиран да им конкурира на Google, но и на Perplexity.

Photo by Jonathan Kemper on Unsplash

Неофицијално она што ќе може да го очекуваме од пребарувачот е следново. Кога корисникот ќе постави прашање ChatGPT ќе го даде стандардниот одговор, но овојпат ќе додаде и цитати и линкови до блогови или изворите на цитатите. Ако корисникот во барањето побара слики, пребарувачот ќе може да презентира и слики.

„Ако корисникот го прашал ChatGPT како да смени квака, на пример, резултатите може да вклучуваат дијаграм за да се илустрира задачата.“, објаснува Bloomberg.

Google секако на Google I/O ќе ни претстави куп новитети. Дел од нив ќе бидат функционалности овозможени од вештачка интелигенција. Компанијата постојано работи на развој својата вештачка интелигенција Gemini AI. Компанијата работи на SGE (Search Generative Experience) функционалноста веќе една година. Во април 9to5Google објави дека компанијата размислува да воведе претплата за SGE. Сепак, дури и со претплатата алатката ќе доаѓа со реклами.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk