Google ќе блокира реклами кои се премногу наметливи

во Вести

Google Chrome наскоро би можел да доаѓа со вградена функција за блокирање реклами. Оваа идна фукционалност автоматски и веднаш ќе ги отстранува рекламите кои го уништуваат корисничкото искуство, вели Wall Street Journal.

Насоките за криење на огласите ќе ги одредува Коалицијата за подобри огласи. Без сомневање најдобрата вест е дека забранети ќе бидат pop-up рекламите и видеата кои автоматски започнуваат. Ова соодветствува со резултатите од истражувањата на Коалицијата. Корисниците најмногу ги мразат токму поп-ап и видео рекламите. Ова важи и за десктоп и за мобилните платформи.

Со најавениот потег се чини дека Google се одлучи да им се приклучи на креаторите за екстензии кои долго време на корисниците на Chrome им помагаа да ги скријат огласите. AdBlock еден од најпопуларните блокери има над 40 милиони корисници.

Европската комесарка за конкурентност, Маргарет Вестегер, најави дека ќе го следат развојот на настаните и ефектите од функционалноста. Ова и не е прeмногу добра вест за Google. Компанијата е пред европските комисии во куп случаи, па нова причина секако нема да им недостасува.

Со оглед на тоа дека Google заработува од реклами, веста можеби изгледа помалку неверојатно. Компанијата сепак сака да има контрола врз рекламите кои ќе бидат филтрирани, па самото блокирање е своевидна заштита. Блокирањето на реклами е проблем и за сајтовите кои не можат да заработат од рекламите. Бројот на корисници кои користат софтвер за блокирање на реклами е во пораст, и се движи помеѓу 15 и 20%.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk