0 коментари 1 мин. читање

Забавувајте се со ретро игри за Macintosh

Archives.org повторно ја прошири својата архива. Овој пат тоа го направи со првите видеоигри на Macintosh. Rogue, Colossal Cave Adveture, Dark Castle, Froger и куп други игри сега се достапни за онлајн забава.

Она што секако веднаш ќе го забележите е драстично помалиот број на игри тука, отколку во MS-DOS архивата, вели Motherboard. Иако не сте биле сопственик на Macintosh, игрите се легендарни. Поради ова најверојатно поголем дел од игрите се издадени на куп платформи. Macintosh е една од платформите, но некои од игрите ќе ги препознаете и од Amiga, Commodore, десктоп или конзоли и флипери.

Игрите се додадени во софтвер архивата на Mac, и ако имате слободно време може да се потсетите на минатото или по прв пат да ги изиграте. За жал, станува збор за архива, па перформансите на игрите не се идеални.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top