Google ќе продава Android таблет компјутери преку своја онлајн продавница

во Хардвер

За да ја подобри продажбата, Google ќе стартува онлајн продавница преку која ќе продава таблет компјутери кои ќе работат на Android. Овие таблет компјутери ќе бидат ко-брендирани и произведени од Asus, Samsung и други, открива Wall Street Journal.

Ваквиот пристап на Goоgle не е нов. Гигантот го продаваше својот прв паметен телефон Nexus преку онлајн продавница, но иако се покажа како добар потег, сепак се откажа од таквата продажба со наредните две генерации на Nexus бидејќи не можеше да се снајде да го продава уредот на глобалните пазари. Разликата од продажба на паметен телефон и таблет компјутер е што за вториов не треба да се има договор со мобилен оператор, бидејќи таблет компјутерите можат да функционираат со Wi-Fi конекција.

Детали за плановите за онлајн продавницата не се познати, но интересно, изворите на WSJ рекоа дека Google планира да објави нова верзија на Android софтверот Jelly Bean во средината на оваа година. Можеби се чека првин да се објави оваа верзија која ќе биде уште подобро оптимизирана за таблет компјутерите од Ice Cream Sandwich.

Android полека, но сигурно станува број еден платформа за паметни телефони. Преку неа, со интегрираните сервиси, пребарувања, мобилни реклами, и музичка и видео продавница, Google добива уште еден извор на профит. Но, тој успех не се пренесе кај таблет компјутерите. Во моментов, продажбите на Android таблет компјутерите сè уште се далеку зад iPad на Apple. iPad има околу 60 отсто од пазарот и покрај тоа што се работи само за еден уред наспротив бројните Android таблети компјутери од разни производители. Според аналитичарите, дури во 2016-та година ќе видиме израмнување на Android со iOs на пазарот на таблет компјутери, доколку Apple не изненади, се разбира.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments