Ако користите Google Drive направете си уште еден бекап…

во Вести

Google Drive без сомневање е еден од најпопуларните сервиси кои се користат за онлајн складирање на податоци. Оваа недела дел од корисниците на Google Drive пријавуваат загрижувачки вести: „Дел од нивните фајлови исчезнале“. Toa е сериозен проблем за сите, од обични домашни корисници кои го користат за бекап на документи и слики, до компании кои имаат посериозни бекапи во облакот. Грешката ја потврди и Google кој објави дека работат на надминување на проблемот.

Важно: Google објави дека проблемот зафаќа помал дел на корисниците на Google Drive и во моментов работат на надминување на проблемот.

Сепак, до објавата дека проблемот е надминат:

  • Корисниците не треба да притискаат на „Disconnect account“ од Drive за десктоп
  • Никако да не ги бришат или преместуваат локалните фолдери:
    • Windows: %USERPROFILE%\AppData\Local\Google\DriveFS
    • macOS: ~/Library/Application Support/Google/DriveFS
  • Доколку имате простор на дискот, направете копија од data фолдерот на апликацијата.

Што се случува со Google Drive

Веќе неколку дена корисници на Google Drive јавуваат дека забележуваат дека некои фајлови мистериозно им исчезнуваат. Некои од корисниците се јавуваат со пораки на поддршката на Google дека се исчезнати 6 месеци од нивните деловни податоци, пренесе Register.

Почнувајќи од 22 ноември повеќе корисници пријавиле дека имаат проблем со фајлови кои исчезнуваат, а дел од корисниците се жалат дека фајловите се целосно исчезнати од складиштето. Прв корисник кој го пријавил проблемот е „Yeonjoong“. Во објавата додава дека ниту следењето на советите од корисничката поддршка на Google не помогналo за враќање на податоците.

Дополнително дел од корисниците кои го пријавуваат проблемот самите забележале дека изгледот и структурата на фолдерите не е актуелна, туку е верзија која ја имале во мај 2023 година. Секако ниту документи и фајлови кои се додадено по оваа дата не се појавуваат на Drive.

Она што е поинтересно, или загрижувачки, зависи од која страна на грешката сте, извештаите за овие корисници немаат избришани фајлови, ниту податоци за активност по мај.

Секако „исчезнувањето“ на податоци е сериозен проблем. Голем дел од корисниците користат некој од облак складиштата за бекап за поважните податоци. Снемување на важни документи во ниту еден случај не влева доверба кај корисниците, па не се сомневаме дека наскоро ќе изнајдат решение.


Еден од читателите на Register објави решение на форумот, но без официјална потврда од Google, корисниците треба да бидат исклучително претпазливи. Ако баш итно ви требаат фајловите може да се обидете со неговиот метод (секако направете бекап на сѐ што ќе менувате). Ако не ви се брза почекајте го решението од Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments