Проектот Startit.rs на управата за Дигиталната Агенда на Србијата ќе има за цел да ги истакнат локалните технолошки стартапи. Содржината која се објавува на сајтот се интервјуа од стартапи кои споделуваат искуство и ќе послужи како едукациски сервис да ги информира другите за што е стартап и како да се дојде до инвеститори.
Управата за Дигитална Агенда е нова институција, стартувана пред една година, во склоп на Министерството за информатичко општество и култура која работи на развојот на информатичката култура во Србија. Идејата зад Управата е да ја подготви земјата на ниво кое се бара во европската Дигитална Агенда. На нејзино чело е Јасна Матиќ, претходна министерка за телекомуникации, која е позната по својот отворен пристап кон друштвените мрежи и интернетот.
„Toa што е интересно, и во исто време и навистина важно, е фактот дека на иновациите им предначат мали претпријатија кои се наоѓаат во рана фаза на развој, односно – стартапи. Од друга страна, ИТ индустријата претставува голема можност за развој на бизниси покрај неверојатниот брз раст, и фактот дека пред сè се вреднува иновативноста и знаење и дека не зависат од локацијата и достапниот капитал.“, вели г. Матиќ во интервју објавено на Startit.rs.
Според неа, во Србија е потребно мал капитал за да се стартува бизнис заснован на интернет, мобилни комуникации или софтвер, каде само неколку луѓе можат да реализираат успешна компанија, наспроти, пример, производство каде е потребно опрема и простории.
„Бидејќи во Србија инвестицискиот капитал е скап и редок, природно се наметнува опцијата да се старуваат бизниси кои не побаруваат големи почетни влогови.“
Повеќе текстови за српски стартапи и нивното искуство ќе најдете на Startit.rs.







