Година време после објавувањето на првиот Chromebook, Google и Samsung денес излегоа со две новости, Chromebox и нови модели за Chromebook.
Chromebox е конкуренција на Аpple Mac Mini. Тоа е мала кутија на која може да се приклучи тастатура и маус, и ќе се продава по цена од 449 долари, додека најниската цена за овој уред ќе биде 329 долари. Уредот има Intel Core процесор, 4GB RAM, dual band WiFi, gigabit ethernet, 6 USB порти, 2 дисплеј порти (компатабилни со HDMI, DVI и VGA), единечен DVI излез и bluetooth.
Новост кај новите модели на Chromebook е дека тие имаат 3G и ќе може да се користат на ист начин како и мобилните телефони, подобрен дизајн и напредок во меморијата и процесорот. Наместо досегашните Intel Atom процесори, новите лаптоп и десктоп компјутери користат Sandy Bridge-based Intel Celeron процесор и 4GB RAM.
Chromebook ќе може да се нарачи од 15 јуни во САД, Велика Британја, Германија, Холандија, Италија и Шпанија, а наскоро ќе биде достапен и во другите земји, најавуваат од Google.Ова е уште еден потег нa Google во своето освојување на PC пазарот. Иако со претходните модели не им одеше најдобро, сепак овие новите се многу поинтересни. Имаат подобра интернет врска и квалитетни облак сервиси, што значи дека Google добро знаат што прават.








