Google Glass се исто толку опасни како праќање SMS кога возите

во Свет, Хардвер

Испраќањето текст пораки со помош на Google Glass не е воопшто побезбедно од испраќањето пораки со паметен телефон, покажуваат тестовите кои го направи Универзитетот на Централна Флорида. Сепак возачите кои користеа Google Glass побрзо ја враќаа контролата врз возилото по инцидентот.

„Пишувањето пораки без разлика дали станува збор за телефон или Glass ќе предизвика одвраќање на вниманието и треба да се избегне додека возите. Glass им помогна на возачите да ја повратат контролата врз возилото од оние кои користеа телефон. Се надеваме дека Glass ќе ја покаже насоката за технологија која ќе овозможи безбедна достава на информации со минимален ризик“, вели истражувачот Бен Соер.

Во истражувањето учествувале 40 испитаници, дел користеа телефони, а дел Google Glass. Во текот на возењето беше потребно нагло да забават за да избегнат незгода. Без разлика на тоа дали користеле тлефон или Glass, мултитаскот им одзема од времето на реакција, па возачите реагираат побавно. Дополнително возачите кога користеа Google Glass премногу се приближуваа до возилата пред нив, па тоа е можен показател дека очилата за проширена реалност од Google можеби го одвраќаат вниманието на возачите.

[youtube]Z3AIdnzZUsE[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments